Учениците, заедно со родители и наставници работea на естетско уредување на  катче во училиштето – домаќин. Пред активноста имаше комуникација и договор помеѓу наставниците и учениците во врска со идеите за уредување на катчето, материјалите кои ќе се употребуваат, времето на реализација и сл.

Активностите се реализираа со цел меѓусебно дружење и поттикнување кооперативна атмосфера при реализација на заедничките активности, подобрување на меѓуетничките односи, запознавање со меѓусебните сличности и разлики, намалување на негативните предрасуди кон другите.

Како конечен производ училиштето ќе добие естетски уредено катче, каде беа испишани букви од македонската и албанската азбука, кое го оплемени просторот и ќе остане како спомен за заедничките активности.