Тимот за поддршка за далечинско учење, при ООУ „Димитар Македонски“, о. Аеродром- Скопје, согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за основно образование за време на вонредна состојба со дел. Бр. 44-2445/1 од 23.03.2020 година („Службен весник на Реепублика Северна Македонија“ број 76/2020 донесе

ПЛАН ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДАЛЕЧИНСКО УЧЕЊЕ

  1. Планирањето, организацијата и реализацијата на наставата од страна на наставниците, да се прилагоди и да се спроведе на начин што ќе овозможи постигнување на очекуваните резултати од страна на учениците согласно наставните програми.
  2. Реализацијата на наставата преку далечинско учење да е во согласност со можностите што ги нуди електронската платформа што се користи(Google Classroom).
  3. Наставниците да ја прилагодат секојдневната пракса, да вложат дополнителна работа, да соработуваат со колеги, родители/старатели и секако да преземат одговорност за сопствената работа.
  4. Наставниците да прават прилагодувања во делот на активностите, формите, методите на работа и ресурсите што треба да бидат усогласени за настава преку далечинско учење.
  5. Да се прилагоди начинот на реализација на часот (снимање анимации и видеа, креирање презентација, поставување текст, он-лајн комуникација со учениците).
  6. Да се насочуваат учениците кон примери на ТВ училница, кон снимени предавања (www.eduino.gov.mk), кон одредени едукативни софтвери, литература и други соодветни средства за постигнување на конкретната цел, користење на дигитални алатки за интеракција и изготвување на визуелни, анимирани активности и задачи, квизови, развивање на проектни задачи решавање на проблемски ситуации и друго.
  7. Следењето на постигањата на учениците, проверувањето на постигањата и оценувањето на учениците треба да биде испланирано и прилагодено на услови на реализација на настава на далечина.

                                                                                                Директор

                                                                                                Јулијана Тодоровска