Почитувани ученици, наставници, родители…
Денес по 56 пат, го одбележуваме Денот на училиштето. Оваа година на малку поинаков начин, но сепак со истата посветеност од страна на наставниците и учениците. Голема благодарност за сите ученици, наставници и родители кои се потрудија да земат учество во активности и повторно со игра, песна, творење да му оддадат почит на нашиот патрон Димитар Македонски.
Најпрво ќе се осврнеме на оние активности кои ги реализиравме во текот на оваа учебна година преку една презентација, која ја изработи ученикот Василиј Ацески, со помош од ученичките Анастасија Ристевска и Сандра Штерјова, а под менторство на библиотекарот Тања Лаброска.
По повод Денот на училиштето беа објавени училишни конкурси во три категории:
- Литературен конкурс,
- Ликовен конкурс и
- Конкурс за мултимедијална презентација.
Комисиите имаа тешка задача да одберат творби, па овој пат наградивме повеќе ученици.
Творбите од литературниот конкурс:

Творбите од ликовиот конкурс:






Мултимедијални презентации
И најмалите како и секогаш со своите видеа ќе ни го разубават овој празник