Нашите ученици Ви го честитаат 24 мај- Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, кои во IX век ја создале првата словенска азбука- глаголицата, направена врз база на македонските говори. Врз основа на глаголицата, од страна на нивните ученици, е направена кирилицата која денес претставува официјално писмо на голем број народи во светот, вклучително и на македонскиот. Освен азбуката, мисијата на браќата Кирил и Методиј ни ја оставија и писменоста и духовноста. На нас останува да го почитуваме и негуваме нивното наследство.

Истовремено, им го честитаме празникот на сите просветни работници.