Почитувани ученици,

Денес е последен ден од оваа наставна година, многу поинаков од вообичаениот последен наставен ден. Ја завршивте годината со учење од дома, кое и за Вас, но и за Вашите наставници и за Вашите родители беше еден голем предизвик и нешто за кое никој не беше подготвен. Сите ние заеднички се прилагодивме на новиот начин на учење, кој секако не може да го замени учењето во училница. Научивме да живееме со многу големи ограничувања, без дружење, без заедничко славење на Вашите и наши успеси и за жал не успеавме до крај да реализираме многу проекти и активности. Но, сепак особено сме горди што и во вакви услови останавме партнери и најголем дел од Вас бевте уште повеќе мотивирани да учите, да творите, да стекнувате нови вештини.
Ви посакуваме пред се добро здравје и пријатен летен распуст, а на нашите полуматуранти успех во понатамошното образование 🤗