Благодарност до Градинарски центар ФОЈА за можноста за соработка. Дел од вредните дечиња од 4то одделение, учесници во проектот Еразмус + „Permaculture Schools Garden“, заедно со своите наставнички Маја Буклеска и Марина Спасовска, го посетија градинарскиот центар „Фоја“ и ги засадија нивните први желадчиња и садници. Тие учествуваа во акцијата „Да растеме заедно“ каде што низ игра и интерактивност, со чувство за грижа и љубов кон природата ќе учат како да се грижат и како да ја негуваат природата.