На Меѓународниот литературниот конкурс во чест на „Св. Климент Охридски“, кој секоја година се одржува во библиотека „Другарче“, ученичката Наталија Нанева од VIII б одделение, под менторство на наставничката Виолета Здравковска Ташевски, освои втора награда во категоријата Поезија. Честитки за Наталија и за менторот и уште многу нагади во иднина 📖✒️📚

Книгите се бродови
со кои пловиме низ времето

Отвараме книга, се губиме во речениците,
се губиме толку што не ги слушаме ниту птиците.
Реченица по реченица сигурно се редат,
за емоциите и сликите во мозокот да ги подредат.
Пловам на бродот наречен книга,
гледам, страници се нижат.
Луѓето ги читаат, се смеат, во нив уживаат,
ги следат приказните и нови светови доживуваат.

Среќа, тага, лутина, страв, омраза, љубов

– чувствата се покажуваат на лицето,
Времето поминува брзо,
со книга во рака никогаш не е здодевно.

Дали е ноќ или ден не е важно,
со светло или без, интересно е,

Книгата – светови нови отвара, авантури разни претставува
Предизвици поставува и денови разубавува.

Книгата- најдобриот другар наш,
Во овие времиња тажни и пусти,
утеха дава, времето го скратува
надеж за подобри времиња всадува.

Наталија Нанева, 8б одделение,
ООУ „Димитар Македонски“, Скопје
Ментор: Виолета Здравковска Ташевски