На Конкурсите на Противпожарен сојуз на град Скопје и Противпожарниот сојуз на општина Аеродром, наши ученици се наградени во категориите ликовни и литературни творби.

Ученичката Ева Стојановска, под менторство на наставничката Зорана Ц. Бочварова, доби трета награда за ликовна творба.

Ева Стојановска III-в
Дамјан Ристевски 8в одделение

Ученикот Дамјан Ристевски од 8в одделение, под менторство на наставничката Сузана Јовановиќ, доби трета награда за ликовна творба.

Бојана Божиновска 8б одделение

Учениката Бојана Божиновска од 8б одделение, под менторство на наставничката Виолета Здравковска Ташевски, доби трета награда за литературна творба од Противпожарниот сојуз на град Скопје и трета награда за литературна творба од Противпожарниот сојуз на општина Аеродром.

Учениката Вероника Митревска од 8а одделение, под менторство на наставничката Виолета Здравковска Ташевски, доби втора награда за литературна творба од Противпожарниот сојуз на град Скопје

Вероника Митревска 8а одделение

Честитки за сите наградени ученици и за нивните ментори. Им посакуваме да им се множат успесите и наградите.