Учениците од 7а одделение, со нивниот ментор Снежана Стефановска, во рамките на изборниот предмет Унапредување на здравјето изработија проект на тема: Заштитете се навреме од вирусот Ковид-19 Вие и вашите околу вас. Проектот е со една цел- Одржување на лична хигиена во време на Ковид 19 Учениците спроведоа анкети со учениците од 5- то до 9-то одделение и ги споделија резултатите во вид на презентации, игри, крстозбори и пораки.