Наставничката по англиски јазик Елизабета Матиќ е една од 15те избрани учесници од основното образование кои ќе бидат дел од проектот на LEAD (Leaders of Education, Activism and Development) на тема Контроверзни теми во училницата.

Пристапот за време на целиот процес ќе се темели на публикацијата „Teaching Controversial Subjects” издадена од Советот на Европа и користена во преку 15 земји во Европа. Публикацијата ќе биде достапна на македонски и албански јазик за нејзината полесна употреба, со цел на зголемување на застапеноста на контроверзни теми и прашања во рамки на часовите како и зголемување на свесноста на наставниците и учениците од важноста на истите.