Нашата пријава за мал грант за поддршка на училишни иницијативи во рамките на проектот РЕДОВНО НА ЧАСОВИ: Акција за вклучување на Ромите во основното образование е успешна и одобрена.

На 2.7.2021 година е потпишан Договор за соработка помеѓу нашето училиште и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ со цел успешна реализација на активности од проектот. Вкупниот буџет за реализација на училишниот проект е 2.500 ЕУ.

Проектот РЕДОВНО НА ЧАСОВИ: Акција за вклучување на Ромите во основното образование финансиски е поддржан од Делегацијата на Европската Унија, а го спроведува Фондацијата Отворено општество- Македонија заедно со фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ и Здружението Центар за образовна поддршка Дендо вас, во соработка со Министерството за образование и наука на Р. С. Македонија.

Активностите ќе се реализираат во период октомври- декември, 2021 година.