На ден 14.9.2021 година со учениците од II-б одделение под менторство на наставничките: Александра В. Танчевска и Берна Беќироска беше организирана воннаставна активност по повод обележувањето на Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка. Учениците преку читање на сликовницата “Ози и озон-чувар на нашата планета” научија што е озонска обвивка, како луѓето со своите активности ја уништуваат озонската обвивка и што може да се направи за нејзина заштита. Задача на учениците беше да направат цртеж за озонската обвивка-заштитник на планетата Земја.
По повод Меѓународен ден без автомобили во соработка со учениците и родителите од II-б одделение беше спроведена активност: “Возење велосипед со вашето семејство”.На 21.9.2021 година со учениците, присутни на онлајн наставата, преку презентација се дискутираше за придобивки од фамилијарното возење на велосипед. Исто така тие беа запознаени со компонентите за „M Велосипедска проверка“ и како да го направат истото пред употреба на своите велосипеди. Семејствата успеаа со своите деца да спроведат фамилијарно возење на велосипед и за тоа да ни испратат фотографии.