На 14.10.2021 г. (четврток) ученици од нашето училиште ќе бидат дел од активности по повод Деновите на Еразмус+.

Активности:

Првата активност е Ликовно творење: учениците ќе цртаат некој главен град на европска земји што би сакале да го посетат во иднина или веќе посетиле.

Пренос во живо на Фејсбук ќе биде активност во која учениците од повисоките одделенија ќе можат да даваат краток опис за некои од градовите во Европски земји, од каде се партнерските училишта од Еразмус проектите во кои е вклучено училиштето.

Третата активност се однесува исто така за патување и посета на некои европски градови претставени преку видеа во кои учениците ќе го споделат своето знаење.

#ErasmusDays#ЕразмусДенови