Во нашето училиште Неделата на гладта ја одбележавме со низа активности. Учениците од 1-во до 5-то одделение твореа на тема „ Здрава храна“ – напишаа песнички и нацртаа многу убави ликовни творби.

Учениците од 6-то до 9-то одделение направија презентации на тема „Сиромаштијата и гладта во светот“

На 19.10. успешно спроведовме собирна акција во храна и средства за хигиена. Во организацијата на акцијата учествуваа учениците од Подмладокот на Црвениот Крст во нашето училиште (Тамара Цветковска, Ана Ѓорѓиеска, Дарјан Стефановски и Ставре Георгиевски), наставниците од предметна и одделенска настава (Зорица Поповска, Снежана Стефановска, Виолета Задравковска, Билјана Тримческа, Тања Лаброска, Наташа Ристовска, Јасмина Узунова). Учениците од 3в одделение земаа најкативно учество во оваа акција. Благодарение на хуманоста на нашите ученици храна добија повеќе семејства.

Изработиле: Каролина Насковска и Дијана Маневска

                       Одговорни наставници за Црвен Крст