На ден 24.11.2023г учениците од 9то одделение заедно со наставничката по граѓанско образование Ева Матевска Мишева,педагог Татјана Трајковска и наставничката по македонски јазик Виолета Јовановска беа во посета на Собранието на РСМ.Ова е уште еден доказ дека нашето училиште посветува доволно внимание на воннаставните активности кои треба да се присутни во воспитно образовниот процес на секое дете.Уште едно прекрасно поминато време и запознавање со функцијата на законодавниот дом во нашата држава.





