Програмата за родители и адолесценти (10-14 год.) „ ФЛОРИШ “се организираше во 16 училишта во Скопје, во општините Аеродром, Центар и Карпош. Во нашето училиште се реализираше од 21.11.2024 – 26.12.2024 год. Учествуваа 10 семејства , поточно по еден родител и еден адолесцен од секое семејство. Работилниците во траење од околу два часа сеодржуваа еднаш во неделата во фиксен термин во попладневните часови.
Она што беше задоволство и е за пофалба е тоа што учесниците беа редовни и целосно посветени на активностите на работилниците. Забележителни беа трансформациите во позитивна насока и кај учениците и кај родителите во поглед на нивната меѓусебна комуникација, отвореност за соработка , споделување на чувствата, меѓусебна поддржка , справување со стрес, што всушност беше и цел на оваа програма. За резултатите сведочат и исказите кои родителите ги споделија со обучувачите на крајот од програмата, а некои од нив ќе можете да ги видите во прилок на овој извештај.
Покрај шесте работилници во кои учествуваа заедно родителите и нивните адолесценти, се одржаа и две работилници во траење од по два часа за поддршка на адолесцентите да напредуваат во кои учествуваа само адолесцентите.

Она што е посебно интересно и многу корисно е дека програмата ќе има и втора фаза на реализација која ќе започне во Март и во прилог на ова Ве информираме дека регрутацијата на нови семејства е во тек и веќе има пријавени. Ова е ретка можност за бесплатна едукација на родители и ученици за стекнување вештини на родителство и градење на позитивни односи во семејствата.
Бројот на учесници е ограничен на 10 родители со нивните адолесценти (значи 20 члена брои групата).
Сите заинтересирани можат да се пријават кај психологот на училиштето, Тања : маил psiholog@oudimitarmakedonski.edu.mk , или на тел: 070/33 22 86.

Ве очекуваме !!!

Работилниците ги водат:

  1. Тања Алексова-Славковска, психолог и гешталт психотерапевт.
  2. Климентина Спасовска, м-р Социјална работа и политика, Советник по семејна и системска терапија, клиринг терапевт