Вториот бран работилници од програмата Флориш за родителство во кој учествуваа 10 семејства ( родител и адолесцент) се реализираа во периодот од 4.03.2025 до 8.04.2025 год. и се изведуваа еднаш во неделата (вторник од 17,30-19,30 часот.
Во нашето училиште сесиите ,вкупно 6, се реализираа од 21.11.2024 – 26.12.2024 . Дополнително беа реализирани уште две сесии, поддршка на адолесцентите да напредуваат во која учествуваа само учениците.
Она што беше задоволство и е за пофалба е тоа што учесниците беа редовни и целосно посветени на активностите на работилниците. Забележителни беа трансформациите во позитивна насока и кај учениците и кај родителите во поглед на нивната меѓусебна комуникација, отвореност за соработка , споделување на чувствата, меѓусебна поддржка , справување со стрес, што всушност беше и цел на оваа програма. За резултатите сведочат и исказите кои родителите ги споделија со обучувачите на крајот од програмата, а некои од нив ќе можете да ги видите во прилог на овој извештај.
Работилниците ги водеа
1. Тања Алексова-Славковска, психолог и гешталт психотерапевт.
2. Климентина Спасовска, м-р Социјална работа и политика, Советник по семејна и системска терапија, клиринг терапевт
Еве и некои од впечатоците на учесниците во програмата, нашите родители:
