Училиштето „Димитар Македонски“ во соработка со невладината организација „Уметност на живеење Македонија“ реализираше работилница од спортско рекреативен тип, со учениците од прво до петто одделение по повод светскиот ден за заштеда на електрична енергија на ден 30.03.2012год.(петок).

Имено работилницата во себе содржеше систем на вежби кои се познати во светот преку игра и музика, со цел младите да ги разбудат позитивните вредности (среќа,радост,внатрешен мир, чувство на припадност и поврзаност со луѓето, физичко и ментално здравја) во сите сегменти и димензии во животот. Исто така на тој начин децата развиваат поголемо самопочитување, подобрено здравје, почиста прцепција и донесување на одлуки.