Во рамките на Неделата на кодирање, која се одбележува во голем број земји на светско и Европско ниво, и во нашето училиште беа реализирани активности. На 15.10.2018 година се одржа работилница за наставниците од одделенска настава, со цел да им се помогне како поуспешно да ги реализираат содржините од предметот Работа со компјутер и основи на програмирањето. Акцентот беше на алгоритамско размислување. Во работилницата беа вклучени 25 ученици, поделени во 5 групи. Учениците изработија повеќе активности. Во дел од активностите беа вклучени инаставници, а дел од активностите учениците ги работеа самостојно. Работилницата ја организираше и водеше директорката на училиштето Јулијана Тодоровска. Материјалите кои се користеа на работилницата се достапни за наставниците и истите ќе можат да ги употребуваат за реализирање на содржини од предметот Работа со компјутери и основи на програмирање.