Во насока на јакнење на јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето, НУЛА ОТПАД во соработка со Капитол мол и Општина Аеродром поттикнуваат иницијатива за изработка на маски од електричен отпад кои ќе бидат презентирaни во форма на дигитална кампања на социјалните мрежи на Капитол мол и ревијален дел Еко Парада од училишта/градинки до точно утврдена локација и термин (пред општината и Капитол Мол, тоа дополнително ќе го прецизираме, согласно временските околности и ситуацијата со пандемијата).

Во Изборот на најдобра еко маска право на учество имаат сите деца од Општина Аеродром, вклучувајќи ги сите градинки и училишта- основно образование, 1-9 одделение.

Учесниците во Изборот на најдобра еко маска  ќе имаат за задача да изработат индивидуална креативна маска во која ќе имаат вклучено најмалку 3 стари и неисправни електронски и електрични уреди или стари и потрошени батерии, а доколку има интерес за групна маска (погорните одделениЈа) може да се стави и таа категорија во изборот на најдобрите.

Фотографија од направената еко маска треба да се испрати во директна порака на фејсбук профилот на Капитол Мол, заедно со уредно пополнета и потпишана пријава од родител/старател најдоцна до 01.04.2022год. до 16 часот.

Објавувањето на соц. медиуми ќе оди откако ќе се утврди дали маската има уредено пополнет формулар и дали маската ги исполнува критериумите за учество.

НУЛА ОТПАД, за најдобрите три маски ќе обезбеди три главни награди, две од стручно жири составено од претставници од Општината, Нула Отпад и Капитол Mол, и една за најлајкувана маска на социјалните мрежи на Капитол Мол (fb+insta).

Доколку има и групни маски, Капитол Мол од своите соработници ќе обезбеди една награда за најдобрата групна маска.

Целосен правилник за учество и образец пријава за учество во Е-Капитолијадата ќе биде објавен на веб страната на Капитол Мол и Нула Отпад.

Линк до правилникот

Временска рамка:

Терминскиот план за учество е следниот:

Испраќање на пријави до 01.04.2022 – 16 часот

Пресек со лајкови 03.04.2022 – 12 часот

Прогласување добитници 05.04.2022 – 12 часот

Тајминг за парадата и корнерот за фотографирање дополнително ќе се дефинира ( ќе се земат предвид тековните програмски активности на училиштата/градинките, со цел да не го попречуваме воспитно-образовниот процес).