📌 Во нашето училиште се одржа дводневна обука на наставниците во рамките на проектот на УСАИД за медиумска писменост ,,Младите размислуваат”. Обуката беше реализирана во соработка со Бирото за развој на образованието.

📍Учесниците се запознаа со различни содржини поврзани со медиумската писменост, како што се: промените во медиумската сфера, дезинформации, проверка на информации, говор на омраза и сл.

👉 Голема благодарност до обучувачите од БРО Мирјанче Милошеска и Виолета Поповска.