На 18.11.2023 г. во просториите на Агенцијата за супервизија на осигурувањето се одржа свечено доделување дипломи на учениците и нивните ментори на литературниот и ликовен конкурс на тема „Моја инвестиција– полисата за осигурување“. Овој конкурс е во организација на АСО, а по повод 1 ноември – Ден на осигурувањето, кој се одржува секоја година, а со цел
развивање на свеста на младата популација за улогата на осигурувањето.
Оваа година во конкуренција од 200 литературни творби од целата држава, Андреј Антов од 9б одделение доби диплома за неговата творба.
МОЈА ИНВЕСТИЦИЈА – ПОЛИСАТА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Секојдневно родителите за штедењето ми кажуваат
како со парите да постапувам ми укажуваат,
за мојата иднина да мислам,
за подобар живот да размислам.
Тие без многу зборување
купиле за мене полиса за животно осигурување.
Со неа имаме двојна победа
во исто време и осигурување и заштеда.
Тоа е влог кој секој треба да го направи,
инвестиција што треба да се поздрави.
Едноставно е, со брокер договор се прави
и на полисата само потпис да се стави.
Уште нешто треба да знаеме
За другите осигурувања да дознаеме.
Ги има многу на број
затоа изборот нека биде твој.
Јас за осигурување на имот се интересирам
кога ќе пораснам во тоа ќе инвестирам,
да го заштитам домот од ризици
од гром, поплави и пламени јазици.
Изборот на вас останува да се одлучите
на кое осигурување ќе се приклучите.
Секој може да инвестира во што сака
и да си обезбеди иднина без мака.
Изработил: Андреј Антов 9б
ООУ „Димитар Македонски“ Скопје
Ментор: Виолета Јовановска-Никовска