ООУ „Димитар Македонски“

Обуки

Вработени

Часови

Сметки

За нас

ООУ „Димитар Македонски” се наоѓа во населбата Лисиче, на улица „Ѓуро Малешевац” бр.2, Општина Аеродром, Скопје. Изградено е во 1964 година со Решение бр.279 на Општинско собрание на Општина Кисела Вода како донација од Република Франција,  по катастрофалниот земјотрес во Скопје  1963 год. Основна дејност е реализација на воспитно-образовен процес во основното образование. Наставата се одвива во две смени  на македонски наставен јазик и кирилско писмо.

адреса

улица „Ѓуро Малешевац” бр.2, Општина Аеродром, Скопје.

електронска пошта

 

 

телефон

02/2440011

М И С И Ј А

Демократска средина, каде што соработката, почитувањето и еднаквоста ги негуваме како висок приоритет, со изградена клима за современо, квалитетно и ефикасно учење и остварување на личниот и професионален развој.

В И З И Ј А

Со создавање позитивна средина за стекнување трајни и висококвалитетни знаења со современи средства и услови, следејќи ги светските трендови во областа на образованието, екологијата, демократијата, овозможувајќи им на учениците чувство на еднаквост, припадност, самоувереност и стекнување навики за доживотно учење.

МОТО

Љубов и сонце за сите деца.

СЛОГАНИ

  • Доброто училиште е пример за праведност;
  • Можеби не си секогаш во право, сослушај го другиот;
  • Соработката, толеранцијата, довербата и почитувањето се услови за правилен развој и функционирање на училиштето;
  • Само со заедничко решавање на проблемот ќе ја оствариш целта;
  • Почитувај ги личните вредности, преку нив ќе најдеш разбирање;

Проекти и активности

Еразмус+ проект „Web 2 Diary, Digital Workshop

Во рамките на Еразмус+ проектот Web 2 Diary, Digital Workshop нашето училиште е во партнерство заедно со училишта од Грција, Турција, Бугарија и Италија. Првата мобилност беше реализирана во јуни, 2023 во Солун, Грција. Во ноември, 2023 претставници од партнерските училишта беа гости во нашето училиште.  Продолжуваме со реализација на активности, а во текот на следната година се треба да се реализираат и мобилности во Бугарија, Италија и Турција. Координатор на проектот од нашето училиште е наставничката Оливија Жежова, а во проектот се вклучени 9 ученици од 6-8 одделение и наставничките Елизабета Матиќ, Јасмина Хаџи Димова, Јулијана Тодоровска и директорката Марина Спасовска.

 “Прва помош и здрав живот”

(“First Aid and Healthy Life”) под програмата Еразмус+, Клучна акција 2: Партнерства за училишни размени.

Од 2019 година, нашето училиште со училишта од Шпанија, Словачка, и Португалија се партнери во реализација на активности во рамките на овој проект.  Во рамките на проектот се реализираа мобилности во Бенетусе- Шпанија, Алижо- Португалија, Серед-Словачка и во нашиот град. Во мобилностите беа вклучени вкупно 16 ученици од 6-9то одделение, координаторот на проектот  Јасмина Хаџи Димова, наставничките Јулијана Тодоровска, Оливија Жежова и Елизабета Матиќ. Повеќе за активностите во рамките на проектот можете да прочитате и видите на следниот линк 

Еразмус+ проект „Училишна градина за пермакултура“

 

“School Permaculture Garden”, под програмата Еразмус+, Клучна акција 2: Партнерства за училишни размени

Од 4-8.04.2022 година тимот од нашето училиште, составен од Директорката, 2 одделенски наставници, 2 наставници по англиски јазик и 8 ученици од петто одделение, учествуваа во активности при мобилност во Златар Бистрица, Хрватска.

Прочитај повеќе…

 

“Употреба на социјални медиуми, рационално, ефективно и безбедно”

(“Using Social Media Rationally, Efficiently and Safely”) под програмата Еразмус+, Клучна акција 2: Партнерства за училишни размени.

Од 8 до 14 декември 2018 година, во градот Ердемли во Турција се оствари првата Транснационална средба на претставници од нашето училиште со претставници од училишта од Полска, Турција, Хрватска и Португалија. Целта на оваа средба беше да се договорат следните активности и мобилности на наставници и ученици, во рамките на проектот. Претставници од нашето училиште беа Директорката и координатор на проектот Јулијана Тодоровска, психологот Татјана Алексова- Славковска и наставничката по англиски  јазик Оливија Жежова.

Подрачја на промени, приоритети и цели

Ресурси, Учење и настава и Постигање на учениците

Подрачјата на промени се произлезени од приоритетите и целите во Развојното планирање на училиштето, а тоа се: Ресурси, Учење и настава и Постигање на учениците

 

Транспарентност во училиштето

Да се зголеми транспарентноста на оценувањето на учениците

Создади стратегија

Создавање стратегија за работа со ученици кои побрзо напредуваат.

Подобра организација на работите

Реорганизација на работата на техничкиот персонал заради обезбедување време за подобро чистење на училниците и кабинетите помеѓу смените посебно во одделенска настава (класична и целодневна).

 Постови

Термини за додатна и дополнителна настава за учебната 2024/25 година

Термини за додатна и дополнителна настава во предметна настава, Октомври 2024 Термини за дoдатна и дополнителна настава и приемни денови во одделенска настава 2024/2025 година, Октомври Термини за дoдатна и дополнителна настава и приемни денови во одделенска настава...