Обуки
Обука во рамките на Проектот „Игрификации во образованието“
Во периодот од 23.3.2019- 29.03.2019 година, во Мадрид беше реализирана обуката во рамките на Проектот „Игрификации во образованието“, финансирана од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност и мрежата Еразмус+. Обуката ја следеа вкупно 9 наставници од Република Северна Македонија и 2 наставници од Германија. Наставниците од Македонија беа дел од Конзорциумот во состав: ООУ „Димитар Македонски“, о.Аеродром- Скопје, ПОУ „Д-р. Златан Сремец“- Скопје и ССОУ „Моша Пијаде“ – Тетово. Провајдер на обуката беше организацијата „Сервантес“ од Шпанија.
Обука за Откривање и работа со талентирани и надарени ученици
На 17.02.2018 (сабота) наставниците од нашето училиште успешно го завршија базичното ниво од обуката “Откривање и работа со надарените и талентираните ученици”. Преку обуката се запознаа со некои карактеристики на надарените и талентираните ученици и со неколку инструменти за препознавање на истите. Обучувачи беа проф. д-р Љупчо Кеверески, проф. д-р Виолета Арнаудова и проф. д-р Елена Ачковска Лешковска.
POSTED INОБУКИ Работилница за „Поддршка на учениците со посебни образовни потреби“
Во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици“ се одржа работилница „Поддршка на учениците со посебни образовни потреби“ во просториите на училиштето ООУ „Лазо Ангеловски“ од Општина Аеродром.
Работилницата се одржа на ден 10.3.2018 година од 9:00 до 14:00 часот. Обучувачи беа наставниците Мирослава П. Аневска, Тања Крстевска и Кристина Башовска .