На ден 16.5.2018 година во ООУ „Димитар Македонски“ е одржано литературно читање како дел од активностите поврзани со одбележувањето на Денот на училиштето. Литературната средба со своето присуство ја збогати омилениот писател Горјан Петревски кој читаше извадоци од своите дела, зборуваше за своето творештво и одговараше на прашањата на учениците. Поканети беа и гости од соседните училишта од општина Аеродром.
Со своите творби се претставија и младите таленти од нашето училиште, станува збор за творби со коишто учениците учествуваа на литературниот конкурс на тема „Мај, младост, љубов“.