Во периодот од 6.5.2025 до 9.5 2025 година со учениците од 5 одделение се реализираше настава во природа, согласно содржините и планираните активности од Програмата за организирaње и реализирање на наставата во природа за учебната 2024/2025.
Учениците имаа можност да се запознаат со убавините на западна Македонија, преку конкретни доживувања и искуства, набљудување, опишување, истражувачки активности, логичко мислење да ги прошират и продлабочат знаењата за природните и културно- историските споменици на татковината. Ја негуваа еколошката свест, ја зајакнаа самостојноста, самодовербата и пријателството.
Правец на патувањето беше: Скопје – Тетово – Гостивар – Маврово – Дебар – Струга – Охрид. Локации кои беа посетени се: Шарена џамија, Вруток – изворот на реката Вардар, Вевчани, Манастирот „Св.Наум Охридски “,Наколно живеалиште „Град на вода “,манастирот Св. Богородица – Калишта, Природно- научниот музеј, Спомен куќата на браќа Миладиновци, чаршијата во Струга и мостот на реката Црн Дрим, Самоиловата тврдина, манастирот Св. Климент, амфитеатарот, Плаошник и црквата Св. Јован-Канео, црквата Св. Софија, артихектурата во градот Охрид и непосредната околина.
Одговорни наставници:
Весна Димковска, Берна Беќироска и Цветанка Младеновска.

