На 9.10.2019 година(среда) 30 ученици, заедно со нивните наставници од ООУ „Димитар Македонски“ и партнерското училиште „Раметула Амети“ од с. Чифлик- о. Желино организираа волонтерска акција за уредување на дел од оградата на нашето училиште, со поддршка од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието.
На почетокот на учебната година, учениците ги идентификуваа проблемите во училиштето со коишто се соочуваат како млади личности. Како предизвик за којшто изразија желба и самите да помогнат да се надмине, учениците ја издвоија оградата на училишниот двор, којашто имаше потреба да се префарба и освежи нејзиниот изглед.